fbpx

Владата го усвои Оперативниот план за 2019 година, предвидени 1,1 милијарда денари

-

На денешната владина седница се усвои новиот Оперативен план за варботување за 2019 година, за кој издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари што е највисок износ досега и е за речиси три пати поголем од 2014 година, кога за истата намена беа исплатени 406 милилони денари, соопштуваат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП).

„Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Во процесот на креирање на овие мерки за првпат се вклучени сите чинители.Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години како и на корисниците на гарантирана минимална помош. Новите работни места ги планиравме заедно со работодавците, односно за првпат мерките ги работевме во соработка со сите чинители и според реалните потребите во државата и на локално ниво“, се вели во соопштението.

Оперативниот план за вработување за 2018 година имаше високи 95 проценти реализација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...