fbpx

Владата го укина проектот „Ден на дрвото“

-

Владата на денешната 36. седница го укина проектот „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“, воведен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, Владата го задолжила Јавното претпријатие „Македонски шуми“ да достави сеопфатна информација за ефектите и за резултатите од оваа акција.

„Идните активности за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог-програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...