fbpx

Владата го финишира планот за соработка со „Мајкрософт“

-

Премиерот  Зоран Заев денеска примил делегација на компанијата „Мајкрософт“ што ја предводел Филип Рог, претседател на компанијата за Централна и Источна Европа, информираат од Владата.

На средбата било разговарано за финиширање на подготовките кои треба да се преточат во договор за соработка на Владата со „Мајкрософт“, кои биле започнати во Давос оваа година.

Премиерот Заев информирал на средбата дека Владата е особено заинтересирана за целосна дигитализација на јавната администрација, како една од целите на Стратегијата за информатичка и компјутерска тегнологија, која за приоритет има побрзи и поквалитетни услуги за граѓаните.

„Во разговорот беше истакнато дека воведувањето на модерна и технолошки напредна инфраструктура, и со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување на директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им биде максимално олеснета комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите низ дигитализираните процедури“, се вели во соопштението.

Посебно внимание на денешната средба било посветена на темата сајбер-безбедност, и на можностите што Мајкрософт може да ги понуди на овој план, за да се обезбедат владините комуникации и за да се реагира на сајбер нападите брзо, одговорно и ефикасно, како и за потребата од компатибилност на безбедносните системи и протоколи со оние на НАТО и на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...