Владата го блокираше поскапувањето на водата од „Студенчица“


       
Скопје, 30 јануари, 2018 - 21:26 (META) 

Владата на денешната седница го блокираше поскапувањето на водата за корисниците на Јавното претпријатија за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево.

Како што стои во владиното соопштение, бил разгледан Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги од Регионалниот водовод „Студенчица“ и е донесена одлука да не се даде согласност за покачување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.

„Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните, и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП „Студенчица“ да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата“, се наведува во соопштението.