fbpx

Владата ги поништи сите решенија на министрите од СДСМ

-

Сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, Владата ги поништила на вчерашната седница на барање на дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Чавков и Диме Спасов, информираат од Владата.

Во соопштението пишува дека во согласност со член 30, став 2 од Законот за влада, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата.

„Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот  46, ставовите 2 и 3 од Законот за влада, а во врска со членот 47 од Законот за влада. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти, министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за влада и затоа Владата ги поништи овие нивни акти. Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба, каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи“, наведено е во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...