fbpx

Владата ги активираше мерките против аерозагадувањето во Скопје

-

Владата денеска ги активираше мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот Скопје. Мерките се активираат откако мерните станици во Лисиче и Ректорат два дена последователно покажале вредности над дозволеното, односно над 200 микрограми на кубен метар.

Според активираните мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, а лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Општините се должни да ги спроведат издавањето на одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7.30 часот.

Владата препорачува да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз и да се зголеми фреквенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации.

Општините треба дневно да ги чистат улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.