fbpx

Владата финансиски ќе ги помогне општините, но и ќе го ограничи задолжувањето

-

Владата е свесна за важноста на општините во земјава, и оттаму сакаме да го намалиме нивниот долг, за да можеме да сметаме на нивниот капацитет, кој сега е десеткуван.

Ова било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.

На средбата се разговарало за актуелни теми произлезени од Закон за дополнување на Законот за финансирање на општините.

„Затоа одлучивме да одвоиме педесет милиони евра како поддршка за општините, во форма на еднократна финансиска инјекција, за да можат градоначалниците да ги стабилизираат развојните капацитети на своите општини. Заложба на Владата е да ја помогне работата на ппштините, со цел проектирање и реализација на повеќе развојни и капитални проекти, со што граѓаните ќе добиваат подобри услуги за даноците кои ги плаќаат и ќе бидат комплетно информирани за трошењето на тие средства“, изјавил Заев.

Тевдовски на средбата појаснил дека планирањето на буџетите ќе се базира на реална основа, односно, буџетот на општините ќе може да се проектира со максимални 10 проценти раст во однос на просекот од остварените приходи во последните три години.

„Тоа е мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори, затоа што, како што рече тој, ќе се спречат таложења на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините“, додаде Тевдовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...