fbpx

Владата е изненадена од Насер Селмани, тој чека конкретни чекори, а не само ветувања

-

Владата на Република Македонија во соопштение изрази изненадување што претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска ја критикуваше, велејќи дека кај актуелната влада има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади.

Имено, одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на министерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во медиумската сфера и за предлог-законот за аудио и аудиовизуелни услуги, претседателот на ЗНМ рече дека на политичарите не смее да им се верува.

– Тоа е добра флоскула, но тие прават спротивно на таквите заложби, затоа што има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади – рече Селмани.

Според наведеното од владината служба за информирање, на јавната дискусија завчера организирана од Министерството за информатичко општество и администрација, министрите Дамјан Манчевски и Роберт Поповски, откако Селмани ги изнел предлозите за укинување на глобите во член 61 од предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услоги, „јасно истакнаа дека забелешките на претседателот на ЗНМ се прифаќаат и дека измените во членот 61 од Законот ќе се укинат“.

„Последната верзија од Законот за ААВМУ која ќе влезе во собраниска процедура, ќе биде добиена како резултат на препораките и забелешките на сите засегнати страни“, се вели во владиното соопштение, во кое на крајот се додава и дека „доколку медиумските работници одлучат дека не се потребни измени за Законот за ААВМУ, Владата нема да инсистира на измени“.

На забелешките дека се изненадени од неговата изјава, Селмани, за „Мета“ вели дека Владата треба да го докаже тврдењето со тоа што ќе даде конкретен предлог-закон во кој ќе нема глоби.

– Ние сме новинари. Ние не веруваме на зборови, веруваме на дела. Кога законот ќе помине во Влада, тогаш ќе речам „браво“. Во изминативе седум години имам слушнато многу такви ветувања – ни рече Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...