fbpx

Владата денеска треба да објави колку потроши за прославата

-

Се очекува Владата денеска да го објави деталниот извештај со трошоците направени за големата прослава што се одржа во саботата во 15 градови низ Македонија по повод поканата за преговори за членство во НАТО.

Од Владата велат дека извештајот е во подготовка и се очекува во текот на денот да биде испратен до медиумите.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави дека според негови информации за прославата се потрошиле 400.000 евра буџетски пари. Оваа информација не беше потврдена од Владата.

На прославата настапија околу четириесетина изведувачи. Етно бендот Љубојна и пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, ги откажаа во последен момент своите настапи.

Дел од музичарите тврдеа дека не биле конкретно информирани за природата на настанот, но авторски договор објавен преку социјалните мрежи покажува дека авторите знаеле што потпишуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...