fbpx

Владата денеска треба да ја испрати Спогодбата во Собранието

-

По вчерашното потпишување на Спогодбата меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името во Псарадес (Нивици), на грчкиот брег на Преспанското Езеро, денеска треба да почнат процедурите за негово ратификување.

Македонската Влада би требало денеска на седница да да го усвои законот за ратификација на Спогодбата, по што треба да биде испратена во Собранието, каде треба да биде ратификувана.

Пратениците треба да гласаат и да го усвојат со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник, што значи дека 31 треба да гласаат „за“, за спогодбата да биде ратификувана. Потоа следува нејзино испраќање до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да ја потпише. Доколку Иванов го употреби правото на вето, спогодбата повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласана со апсолутно мнозинство, односно 61 пратеник треба да крене рака и да гласа „за“. Спогодбата во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да ја потпише.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...