fbpx

Владата денеска ќе одлучува за разрешувањето на Велковски

-

На денешната седница Владата треба да решава за предлогот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за разрешување на Лазо Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Спасовски го поднесе предлогот за разрешување пред една седмица, откако Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот „ренџ ровер дискавери спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ бил пратен во Грција со налог потпишан од директорот на јавна безбедност, а со возилото управувал вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. Џипот, според пишувањата, ги превезувал ќерката на Велковски и нејзини другарки.

Премиерот Заев вчера по одбележувањето на годишнината на Рамковниот договор, потенцираше дека директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски иако е професионалец, направил грешка и поради тоа треба да поднесен одговорност и потенцираше дека предлогот за неговото разрешување на е внатре партиска пресметка.

– Секако јас верувам дека тој ќе остане и понатаму значаен фактор во МВР заради тоа што е важен со неговото искуство и е од помош на државата – нагласи премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...