!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Владата денеска ќе објави колку изнесува државната помош за странските инвеститори


       
Скопје, 13 септември, 2017 - 9:19 (META) 

Владата денеска ќе го објави податокот колку изнесува државната помош за странските инвеститори за последните десет години.

Од владиниот прес-центар информираат дека тема на прес-конференцијата што ќе се одржи во 10 часот ќе биде презентација на анализата на трошоците наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија за периодот од 2007 до 2017 година.

Анализата е направена по декласификација на договорите потпишани од поранешната влада.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кажа дека ќе биде објавена вкупната сума на државната помош за странските компании, за да се заштитат деловните договори со инвеститорите.