fbpx

„Вкусот на Франција“ в понеделник во Скопје

-

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, в понеделник, на 21 март во 18.30 часот во соработка со „Јавна соба“, го организираат по втор пат настанот „Вкусот на Франција“.

Готвачот Марк де Јонг ќе подготви вечера за 200 гости. „Вкусот на Франција“ е организиран по иницијатива на реномираниот готвач Aлен Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој, ја истакнува уметноста на живеењето на француски начин, француските производи и ја валоризира Франција како дестинација.

Амбасадорката на Франција Лоренс Оер на прес-конференција рече дека француската гастрономија е основен елемент на француската култура и традиција, впишана е на листата на светско наследство на УНЕСКО и е значаен сегмент од туристичката понуда на Франција.

– Целта на настанот „Вкусот на Франција“ е француската кујна да стане попристапна. Сакаме да се прошири и во Битола, Тетово и во други градови, и да имаме и француски ресторани. Кујната е нешто што ги зближува луѓето, таа е момент на задоволство и споделување, а таков момент ќе имаме в понеделник – рече Оер.

Таа рече дека ја сака и македонската кујна и подготовката на здрава храна и многу зеленчук. Наоѓа и сличности меѓу двете кујни, споредувајќи го тавче гравче со француското касуле или блискоста во вкусовите на вината мускат и траминец.

Готвачот Марк де Јонг ќе ги даде идеите и искуството за менито, а во подготовката на состојките ќе му помага тим од македонски готвачи и соработници од „Јавна соба“.

– Сè што имате овде, во Македонија – зеленчукот, овошјето, сè е многу вкусно. Тоа е поради поднебјето, имате многу сончеви денови во годината и затоа сè е добро. Јас уживам овде во кујната. Откога дојдов пред две години, кујната целосно ми се смени. Работам повеќе зеленчук и овошје. Јас и другите што ќе дојдат ќе ви покажеме како може да се готви на друг начин со сè она што го има во Македонија. Тоа е поентата – рече Марк де Јонг кој за вечерата ќе подготвува специјалитети од неколку француски региони и типични француски производи, супа од кромид подготвена на традиционален начин, салата од рукола, вргањ и магдонос, свинско филе во сос од сенф со мешан зеленчук, француско сирење со мед, нормандиска пита со јаболка и калвадос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...