fbpx

Визуелизација: Што сè имаат српските компании на нашиот медиумски простор

-

Српската компанија „Адриа медиа груп“ објави дека го откупила контролниот удел во весникот „Слободен печат“. Преку оваа зделка белградската групација стана доминантен сопственик во новата издавачка компанија „Адриа медиа Балкан“, која од денеска го издава весникот „Слободен печат“ кој е критички медиум кон политиките што ги практикува сегашната власт.

Со тоа српските компании, кои во огромен процент се застапени во медиумскиот простор во Македонија, („Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и порталот „Телеграф“, телевизијата „Алфа“) добија уште еден медиум.

Kомпанијата е издавач и на српскиот дневен весник „Курир“, на истоимениот портал (kurir.rs) и на повеќе други популарни печатени изданија, веб-портали и мобилни апликации.

Најголем удел во македонските медиуми има Веселин Јевросимовиќ, кој е српски бизнисмен и основач на компанијата „Комтрејд“, која во 2009 година го доби тендерот за набавка на компјутери за деца во основните училишта во вредност од 11,7 милиони евра.

Во рамките на овој тендер, Јевросимовиќ на македонската влада ѝ продаде 55.000 компјутери за учениците до трето одделение.

Јевросимовиќ во 2013 година преку неговата „Интернет инвестмент груп“ го откупи мнозинскиот пакет акции во скопската телевизија „Алфа“, а има сопственички удел и во компанијата „Графички центар“, инаку една од сопствениците на групацијата МПМ, која ги издава весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и порталот „Телеграф“.

Медиумите во август годинава известија дека две српски фирми на бизнисменот Веселин Јевросимовиќ кои учествуваат во сопствеништвото на телевизијата „Алфа“ и на порталот „Телеграф“, излегуваат од бизнисот во Македонија, но тоа остана неофицијална информација.

vizuelizacija srpski kapital vo mk mediumi 2

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...