fbpx

„Виз ер“ ќе лета двапати неделно до Берлин, Копенхаген и Братислава

-

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ воведува летови кон Берлин, Братислава и Копенхаген двапати неделно од аеродромот „Александар Велики“.

Кон Берлин ќе сообраќа во вторник и во сабота, а цената на билетот ќе изнесува од 1.199 денари, кон Братислава во понеделник и во петок, а кон Копенхаген во среда и во недела, дестинации до кои билетот ќе чини од 899 денари, односно 1.499 денари.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Зоран Крстевски нагласи дека со линиите до Берлин, Копенхаген и Братислава бројот на главни градови, со кои Скопје воздушно е поврзан со Европа, се зголемува од 11 на 14.

На денешната промоција на авиолиниите, од компанијата најавија нова линија од Скопје до Хамбург, што ќе биде замена за досегашната линија до аеродромот Лубек.

Од „Виз ер“ информираа дека со новите авиолинии имаат повеќе од милион седишта на располагање за годинава, што претставува пораст на капацитетот за 22 процента споредено со минатата година.

„Виз ер“ опслужува нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром во 11 држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...