fbpx

Вицепремиерот Османи побарал поддршка од директорот на „Конрад Аденауер“

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретнал со директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Јоханес Реи, со кого разговарал за областите во кои може да се унапреди соработката во насока на поддршка на процесот на европска интеграција на земјата.

„Вицепремиерот Османи посочи дека досегашното 17-годишно присуство на Фондацијата во Македонија беше посветено на промовирање на меѓуетнички и дијалог меѓу граѓаните од различна вероисповед, поддршка на граѓанското општество и придонесе за приближување на земјата до евроатланските структури. Во тој контекст, Османи побара таргетирана поддршка затоа што новата реформска агенда бара долгорочни инвестиции во овој период кога националниот буџет не е во добра состојба и кога бележиме загуби од средствата од ИПА“, информираат од СЕП.

Османи на Реи му го презентирал и планот „3-6-9“, го запознал со новиот предлог-закон за јазиците и му порачал дека новата влада е фокусирана кон евроатланските интеграции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...