fbpx

Вицепремиерот Османи и министрите Салији и Манчевски во еднодневна посета на Брисел

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за правда, Билен Салији, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, утре ќе бидат во еднодневна посета на Брисел.

Вицепремиерот Османи, заедно со директорката за Западен Балкан во рамки на Директоратот за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР) на Европската комисија, Џеновева Руиз Калавера, ќе копретседава со 14. состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

Владината делегација ќе се сретне и со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и за соседска политика, Кристијан Даниелсон, од кого ќе побара поддршка и конкретни чекори од страна на Европската Унија кои ќе бидат поттик за задржување и за засилување на реформскиот и на европскиот курс на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...