fbpx

Бесими утре ќе се сретне со Коѕиас во Атина

-

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Атина. Од грчка страна не се откриваат детали што ќе биде на агендата на разговорите.

Ова е втора посета на Бесими на Атина во рок од две години. Тој имаше средба во 2013 година со тогашниот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос. Со посетата на Бесими продолжува практиката на грчкото Министерство за надворешни работи за средби со вицепремиерот за европски прашања, но не и средби на атинско тло со министерот за надворешни работи на Македонија.

Средбата изненадува бидејќи доаѓа во ден кога на Грција ѝ гори под нозе поради притисокот од меѓународните кредитори и само еден ден по ненадејната итна средба на премиерот Алексис Ципрас со првиот човек на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Истовремено, може да се види и како увертира и подготовка на теренот пред најавената балканска турнеја на Коѕиас низ државите од Западен Балкан, меѓу кои е предвидена и посета на Македонија.

Грчки аналитичари кои ги следат македонско-грчките односи, коментираат дека не ја гледаат суштината на оваа средба во момент кога постои неизвесност за опстанокот на владата во Македонија со најавата за предвремени избори идната година. Оценуваат дека фактот што доаѓа Бесими во Атина е потврда дека грчките влади одржуваат постабилен контакт и отворен канал на комуникација со албанските политичари во македонската влада и можно е да ги гледаат како покредибилен соговорник во преговорите за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...