fbpx

„Вистиномер“: Дали навистина новинарите не му доаѓале на ВМРО-ДПМНЕ?

-

Новинари кои во периодот од мај 2003 година (кога Никола Груевски стана претседател на ВМРО-ДПМНЕ) до август 2006 година (кога тој стана премиер на Република Македонија) биле на новинарски и на уреднички функции, не можат да се сетат на случај ниту еден новинар да не дојде на прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува во истражувањето „Вистиномер“.

Премиерот Никола Груевски во својот говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во СРЦ „Борис Трајковски“ во неделата, на 15 март 2015 година, говорејќи за состојбата во медиумите во земјава, истакна дека во периодот пред 2006 година, кога партијата беше во опозиција, новинарите не ги посетувале нејзините прес-конференции.

Тоа не било случај дури ни во вонредни ситуации кога евентуално поважни, итни и ексклузивни настани би се случиле, кои би направиле некоја прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ да стане неинтересна, пред сè, зашто такви вонредни настани во тој период не се случиле.

Точно дека имало инстанции прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ во некои пригоди да бидат послабо посетени, затоа што дел од нив се одржувале во време на викендите, кога во редакциите има само дежурни екипи, а за партијата да го искористи слабиот прилив на вести во неработните денови и да добие поголема видливост, но дури и во такви пригоди секогаш имало новинари на нивните прес-конференции.

Генерално гледано, во изминатите 25 години, тешко дека имало случај во кој прес-конференција на најголема опозициска партија (без оглед која и да е таа) не била посетена од македонските новинари.

Сеќавањата на редица новинари, се потврдуваат и преку пребарување на интернет, поточно преку пребарување на архивата на агрегаторот „Тајм“, каде што има написи од редица македонски медиуми и до 15 години во минатото.

Во оваа архива нема ниедна инстанција во која би се спомнало вакво нешто, односно дека ниеден новинар не дошол или само еден новинар дошол на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во тој период, стои во текстот на „Вистиномер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...