fbpx

Вистината за настаните во Диво Насеље ќе излезе на видело, порачуваат од СДСМ

-

Вистината за случувањата од 9 мај 2015 година во Куманово мора да излезе на виделина и случајот ќе биде расчистен докрај, се вели во реакцијата на СДСМ на утринското соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со настаните од 9 и од 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, каде загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили.

„Тоа е должност кон семејствата на осумтемина загинати бранители, кон семејствата што останаа без домови и кон сите граѓани на Република Македонија. СДСМ изразува почит кон загинатите бранители и кон сите граѓани на Куманово и на Македонија кои не дозволија провокациите од каков и да е мотив, да ја нарушат стабилноста на државата“, стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека правдата мора да допре до извршителите, но и до инициајторите и до нарачателите на кумановските настани. Оттаму најавуваат дека детално ќе се истражат индициите за вмешаност на одредени структури од досегашната власт во немилите настани и дека тоа ќе биде изведено на транспарентен, независен и професионален начин.

„Новата влада предводена од СДСМ, ќе се посвети на целосно расветлување на случајот и на неговата заднина. Ќе биде побарана и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување на целосна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата“, велат од СДСМ и додаваат дека никој нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози безбедноста на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...