fbpx

„Викиликс“ нуди 100.000 долари за снимка од разговорот меѓу Трамп и Коми

-

„Викиликс“ објави дека ќе плати 100.000 долари за снимка од разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на доскорешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Пораката е објавена на твитер-профилот на „Викиликс“ неколку часа откако Трамп, исто така на „Твитер“, го предупреди Коми да не оддава премногу информации на медиумите за нивната средба.

„Њујорк тајмс“ пренесе дека колегите на Коми изјавиле дека на вечерата на поранешниот директор со Трамп во јануари, од него била побарана лојалност. Коми, според тврдењата, тоа го одбил и понудил „чесност“.

Кога Трамп потоа го притиснал да му даде „чесна лојалност“, Коми му кажал на американскиот претседател „Ќе го добиете тоа“, изјавиле колегите, кои за „Њујорк тајмс“ потврдиле дека се сложиле да не го откриваат тоа сè додека Коми е директор на ФБИ. Трамп ги негираше тврдењата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...