fbpx

Викендов Прилеп ќе биде домаќин на авто слалом „Прилеп-11 Октомври“

-

Во недела во Прилеп со почеток во 12 часот ќе се одржи авто слалом „Прилеп – 11 Октомври“, во организација на Авто картинг клуб „Скопје“, а со поддршка на Општина Прилеп.

Најдобрите учесници на ова државното првенство ќе се бодираат за шампионатот во 2018 година. Досега се пријавени 50-ина учесници од повеќе градови во Македонија. Според информациите од организаторот, доколку ги исполнуваат критериумите, возачите може да се пријават и утре сабота, 13.10.2018 година. Трката ќе се одржи во должина од 1.200 метри во центарот на градот по булеварот „Гоце Делчев“, од раскрсницата со улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ до раскрсницата со улица „Димо Наредникот“.

„Секој возач што ги исполнува условите може да учествува во авто слаломот, што ќе се одржи во пет класи. Класа 1 е за возила до 1.600 сантиметри, класа 2 за возила над 1.600 сантиметри, класа 3 за спортски возила до 1.600 сантиметри, класа 4 за спортски возила над 1.600 сантиметри и класа возила со турбо. Со овој авто слалом Прилеп го враќа спортскиот дух на автомобилизмот во Македонија. А, ќе даде и значаен придонес во развојот на овој спорт и зголемување на вештините на возачите за авто слалом“, вели Менде Младеноски, директор на трката.

Според пропозициите за учество, возачите треба да поседуваат важечка возачка дозвола, сообраќајна книшка за возилото, животно осигурување за авто натпревар, лиценца за слалом или натпреварувачка лиценца издадена од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

„Овој авто слалом се одржува по 7 годинешна апстиненција од авто трки во Македонија, на иницијатива на неколку спортски авто клубови и Автомобилска Федерација на Македонија. Така што сега се создаде можност за враќање на календарот на трките. Досега се одржани 3-4 трки во Македонија, на Водно, Крушево, Струмица…“, истакнува Младеноски.

Авто слаломот ќе го отвори градоначалникот Илија Јованоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...