fbpx

Викенд, скратена работна недела, па Велигден: Се кратат роковите за разврска на кризата

-

Откажувањето на лидерската средба во Виена ја намали надежта дека, сепак, е можен излез од политичката криза во која се наоѓа Македонија подолго време.

Утринава се појави веста дека лидерската средба закажана за утре во Виена, а на која треба да учествуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, е одложена.

Делегацијата на ЕУ во Скопје во вторникот до лидерите на политичките партии во Македонија испрати покани за лидерска средба во Виена, во име на еврокомесарот и на европратениците. До денеска, само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го потврдија своето присуство. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера на прес-конференција соопшти дека од неговата партија нема да учествуваат на средбата доколку претседателот Ѓорге Иванов не ја повлече одлуката за аболиција и ако не се свика Собранието за да се одложат изборите, закажани за 5 јуни.

Сепак, дали има шанси за конечно решение на политичката криза која трае премногу долго? Со оглед на тоа што доаѓа викенд, а потоа и скратена работна недела поради велигденските празници, шансата за некој вид лидерски собир, без разлика каде би се одржал, има по 3 мај.

Тоа, пак, ги намалува роковите за можен излез од кризата, со оглед дека листите на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна до 11 мај 2016 година, до полноќ.

Од 16 мај почнува изборната трка. Значи, СДСМ има шанса сепак да прифати учество на изборите до 11 мај.

Исто така, до тој датум, без разлика што претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, тврди дека нема уставна можност пратениците повторно да се вратат на работа, сепак, по „заобиколни патишта“ може да се свика повторно Собранието. По овој датум сè е залудно.

По 11 мај, според роковникот на ДИК и датумите предвидени во Избирниот законик, предвидени се следниве рокови:

  • 14 мај – Ждрепка за редоследот на кандидатите на гласачкото ливче;
  • 16 мај – Почеток на изборната кампања;
  • 26 мај – ДИК го заклучува избирачкиот список;
  • 29 мај – Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа, за тоа треба да ја извести ОИК;
  • 31 мај– Организациите и лицата доставуваат барање за набљудување до ДИК;
  • 2 јуни – ДИК го предава изборниот материјал на ОИК;
  • 3 јуни – Крај ја изборната кампања (24 часот);
  • 4 јуни  – Гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и притворените, како и гласачите во дијаспората;
  • 5 јуни – Гласаат граѓаните на Република Македонија;
  • 19 јуни – Евентуално прегласување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...