fbpx

(ВИДЕО) Новиот филм за Џејмс Бонд е насловен „Спектра“

-

Новиот филм во серијалот за Џејмс Бонд ќе се вика „Спектра“, соопштено е денеска во Лондон.

И овој филм за агентот „007“ ќе го режира Сем Мендез, а по четврти пат главната улога ќе ја има Даниел Крег. Како што јавуваат светските медиуми, оскаровецот Кристоф Валц ќе го игра ликот по име Оберхаусер во 24. филм за тајниот агент.

Соопштени се и имињата на другите актери, кои ќе се појават во филмот: Леа Сејду ќе ја игра Маделен Сван, Моника Белучи ќе ја игра Лусија Скијару, Дејвид Баутиста ќе се појави во улогата на господинот Хинкс, а Ендрју Скот ќе го портретира Денбри.

„Криптичната порака од минатото на Бонд, го поттикнува да ја открие злокобната организација. Додека М се бори со политичките сили за да ја одржи тајната служба во живот, Бонд ги лепи слоевите од измамата за да ја открие ужасната востина зад името Спектра“, така звучи синопсисот на продукцијата ЕОН, „Ем-Џи-Ем“ и „Сони“.

Новиот филм за Бонд ќе се снима во Лондон, Рим, Мексико, Мароко и во Австралија, а во него се појавува новиот „астон мартин – DB10“, специјално создаден за филмот.

„Спектра“ во киносалите ширум светот пристига на 6 ноември 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...