Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“.
– Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути – соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер.
Лавата која ја исфрла вулканот Килауе, пред две недели дојде до населбите, при што ги прекри гробиштата и два објекти. Повеќето жители се евакуирани или се подготвуваат да ги напуштаат домовите.
Властите на сопствениците на домовите им обезбедиле простување со своите домови. Тие им дозволиле дури и посета на куќите во моментите кога лавата ќе почне да ги голта