fbpx

Атрактивна програма на Вевчански карневал – 2015

-

Познатиот Вевчански васлиличарски карневал, догодина донесува атрактивна програма и првпат досега ќе биде дел од заедничката манифестација „Богојавление – Водосвет“.

Градоначалникот на Вевчани, Цветомир Угриноски, вели дека веќе се потпишани договорите со главните изведувачи и дека се прецизира целокупната програма за претстојното карневалско издание.

– На 12 јануари ќе настапат „Суперхикс“ и „Прљаво казалиште“, а следниот ден публиката ќе ги проследи концертите на „Љубојна“ и на Елена Велевска. Се разбира, на карневалските денови ќе настапат и познати диџеи. Предвидени се и трибини, како и настап на КУД „Дримкол“, во чии рамки постои и патувачки театар. Стара нова година ќе ја дочекаме и со богат огномет – најавува вевчанскиот градоначалник.
Вевчанскиот василичарски карневал се одржува секоја година, на празникот Василица, на 13 и на 14 јануари. Мештаните тврдат дека е стар еден и пол миленуим. На него се испреплетуваат пагански со христијански обичаи, иако во последно време не може да се избегне воведувањето современи карневалски елементи, особено во коментирањето на актуелните случувања.

Карневалот во Вевчани се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...