fbpx

Ветер од 100 километри на час причини штета во Штип

-

Силниот ветер што од синоќа во Штип дува со брзина од 100 километри на час, искрши дрвја и гранки, соголи покриви, главно на стари и напуштени куќи, урна билборди, а штипјани ги остави без сон. Од силината на ветерот има искинати кабли од електричниот систем.

Еден скинат кабел од ноќеска и попладнево остана припоен на железна ограда кај градскиот базен, од каде повремено излегуват искри.

Паднати тополи на патот Кочани – Штип кај селото Долни Балван два часа го прекинаа сообраќајот. Десет пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица рано утрото, околу 3 часот, повеќе од два часа ги сечеле трупците за да се воспостави сообраќајот.

Пожарникарите интервенирале на паднати дрвја во повеќе населби во Штип. Најмногу настрадаа овошките, чии плодови ја озеленеа земјата.

Ветерот продолжи да дува и попладнето, проследен со повремен слаб дожд. Во Општината Штип до претпладнето немаше пријави за штети, но очекуваат дека може да следат, со оглед на тоа дека последиците се евидентни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...