Првоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Верушевски, попладнево бил на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, пренесе „Прес 24“.
Тој кај обвинителите се задржал повеќе од еден час, а му биле предочени дел од доказите до кои дошла истрагата.
Не е познато дали Верушевски овојпат дал исказ и своја одбрана.
Ова не е првпат тој од истражниот затвор да биде пренесен во Јавното обвинителство, но, според досегашните сознанија, тој до денеска не дал одговор на обвинувањето.
Претходно на распит беа повикани и останатите осомничени, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.