fbpx

Венецуела се соочува со пивска криза

-

Венецуела се соочува со недостиг од пиво поради штрајк на работниците во две пиварници во земјата, пренесува „Би-Би-Си“.

Притисокот за затворање на пиварниците дошол од синдикатите, поради спор околу платите со „Полар“, фирмата што произведува 80 отсто од пивото во Венецуела.

Според медиумите, половина од пиварниците биле затворени, додека останатите работат со половина од своите капацитети.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, спорови меѓу синдикатите и пиварницата имало и претходно поради што владата во земјата се заканила дека ќе ја национализира „Полар“.

Претставници на синдикатите кои штрајкуваат изјавиле дека главен проблем биле платите, односно одолговлекувањето на колективните договори од страна на фирмата, кое трае повеќе од 20 месеци.

Венецуела, инаку, води строга контрола на цената на храната и на основните хигиенски производи за да се гарантира дека и сиромашните жители на земјата можат да си ги дозволат основните добра.

Од друга страна, некои аналитичари велат дека овие контроли предизвикуваат недостиг од храна и од други производи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...