fbpx

Венецуела е во тешка економска криза и се соочува со недостиг од храна

-

Венецуела се наоѓа пред колапс поради тешката економска криза која трае неколку месеци. Претседателот Николас Мадуро одлучи да воведе вонредна состојба, бидејќи земјата веќе подолг период се соочува со голема инфлација, недостиг од храна и од струја.

Само оваа година економијата падна за 8 отсто, инфлацијата се зголеми трипати, а се очекува дека до крајот на годината ќе биде поголема за 700 отсто.

Тешката економска ситуација ги испразнила полиците во продавниците, па недостигот од храна и долгите редици пред маркетите се секојдневна слика за граѓаните на Венецуела.

Поради економската криза, зголемени се криминалот и насилството, а во последните неколку месеци драстично е зголемен бројот на кражби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...