fbpx

Вељаноски за вторник закажа координативна средба во Собранието

-

Откако СДСМ достави инцијатива со 67 потписи за продолжување на конститутивната седница на Собранието, поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, закажа координативна средба во вторник, во 12 часот.

„Денеска во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, почната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а по извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот“, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Од кабинетот на досегашниот спикер велат дека на координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...