fbpx

Вељаноски не го признава Талат Џафери, од СДСМ велат дека и тој ќе одговара

-

Претседател не се избира за половина минута, не се избира на таков начин, тоа не се прави на шверцерски начин, тоа е свечен чин и не може на шверцерски начин, во едно катче, во еден ќош од една просторија да се избере претседател на Собрание, рече Трајко Вељаноски во изјава за вестите на телевизија „Сител“.

– Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието го прекршија Законот на Собранието, Уставот и деловникот на парламентот на Македонија. Исто така, ги изоставија и службите и гласањето не беше легитимно. Врз која основа тие утврдија колку гласале „за“, а колку пратеници биле „против“ и колку имало воздржани, воопшто колку патеници биле присутни? Политиката треба да го следи правото и не смее да биде над него, бидејќи не може некој да биде претседател на Собрание без да се објави одлука во „Службен весник“. Тоа што тие си направија слики и „селфи“ со мобилен телефон, не значи дека избрале некого – рече Вељаноски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кажа и дека за обезбедувањето на Собранието е одговорно Министерството за внатрешни работи и дека веројатно имало големи пропусти.

Вељаноски најави дека Собранието ќе продолжи да работи и дека тој ќе закаже ново продолжение на конститутивната седница откако ќе биде „извршен ремонт на народното собрание“, по упадот на граѓаните.

Од СДСМ преку соопштение велат дека Трајко Вељаноски со месеци дозволил кршење на деловникот на Собранието, ги блокирал демократските процеси и го блокирал изборот на нов претседател на парламентот и нова влада.

„Вељаноски, со ова, заедно со Груевски, Иванов, Чавков, е меѓу главните виновници за обидите за убиство на пратеници во Собранието и за насилството врз новинари и вработени во него. Истрагата дополнително ќе ја покаже инволвираноста на Вељаноски во терористичкото загрозување на уставниот поредок и на безбедноста вечерта, за време на крвавото насилство во Собранието. Насилниците и криминалците ќе одговараат“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...