fbpx

Веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје, побара СДСМ

-

СДСМ денеска побара веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје, откако вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот.

– Речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, по што властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт досега немаат преземено апсолутно ништо. Ги нема ниту денеска, кога скопјани го дишат најотровниот воздух. Од сите злодела на режимот на Никола Груевски и на Коце Трајановски, негрижата за труењето на своите граѓани е едно од најголемите. Тоа е еднакво на геноцид – изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Манчевски рече дека во мај ќе заврши и узурпацијата на Коце Трајановски на градоначалничката функција во Скопје. Тој истакна дека новата влада ќе се зафати со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, преку гасификација на Скопје, обезбедување финансиски средства за бесплатен јавен превоз во деновите на екстремно загадување, субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните, воведување на посебни сообраќајни режими, субвенционирање на енергетска изолација на постоечките објекти и субвенционирање на велосипеди за граѓаните на Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...