fbpx

Вечерва во Антички театар, Дуке Бојаџиев со својот проект „Сон, верба, љубов”

-

Вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Антички театар, концерт ќе одржи еден од нашите најдобри современи пијанисти и композитори, Дуке Бојаџиев, со својот фантастичен проект „Сон, верба, љубов“.

Бојаџиев ќе настапи со својот ансамбл од специјални гости: Исмаил Лумановски – кларинет, Тања Царовска – вокал, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Мартина Блажеска – вокал, Костас Анастасиадис – перкусии, Владимир Крстев – стринг квартет.

„Сон, верба, љубов“ во себе ја инкорпорира музиката што Дуке Бојаџиев ја создаде за филмовите „До балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, потоа композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, како и нови, досега неизведени творби. Вклучувајќи ги и аранжманите и изведбата, проектот може да се опише како вкусен спој на филмска, класична и на изворна музика, и во него силно се чувствува поднебјето на авторот, односно духот на македонската традиција.

Покрај македонскиот традиционален звук, музиката на Бојаџиев опфаќа фолклорни елементи и од турската, ромската и од албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап и со тоа влијае на фузионирање на културното богатство на сите народности што живеат во Македонија.

– Проектот „Сон, верба и љубов“ носи една порака, која во коренот е македонска и која јас и другите уметници ја пренесуваме низ светот. Музика која ќе имаме можност да ја презентираме тука во Охрид и на огромно задоволство, сето тоа да го крунисаме со концерт со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, во „Карнеги хол“ во Њујорк на 8 октомври – вели Бојаџиев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи...