fbpx

Вечерва ќе заседаваат Извршниот одбор на СДСМ и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

-

Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе заседава за да ја разгледа ситуацијата по референдумот и да ги утврди следните чекори како и да расправа за можните предвремени парламентарни избори. Истовремено и ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет на партијата на која ќе се разгледува актуелната ситуација. Утре се очекува седница да има и Централниот комитет на најголемата опозициска партија.

Најтесното раководство на владејачката партија ќе заседава уште вечерва во партиското седиште, а во игра е и седница на Централниот одбор, за членовите на ова тело да го овластат партискиот лидер Зоран Заев да презема активности за разрешување на ситуацијата која настана по недоволниот одѕив на референдумот, со тоа што или ќе се постигне договор за соработка со опозицијата или ќе се поднесе иницијатива за распуштање на парламентот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за предвремени избори бара формирање техничка влада, јавен обвинител на предлог на опозицијата и Анкетна комисија за референдумот.

За уставни промени е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, односно да гласаат 80 пратеници, а владејачката коалиција во моментов има поддршка од 71 пратеник, така што недостига поддршка уште од девет пратеници од опозицијата.

Министерката за правда, Рената Дескоска информираше дека во Министерството за правда не пристигнал предлог за уставните измени произлезени од имплементацијата на Договорот од Преспа.

– Треба да се донесат одлуките дали ќе се оди на предвремени избори или на уставни измени ако се обезбеди мнозинството. Почетната процедура во подготовка за измена на Уставот не подразбира веднаш да се почне со уставни амандмани, коишто се технички драфтирани, туку со предлог за измена на Уставот, којшто е во описен текст – вели Дескоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...