fbpx

Веб-страницата на МИОА пристапна и за лицата со посебни потреби

-

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска e со нова веб-страница, која исполнува дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост.

„На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на министерството. Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, тоа што е ново на оваа веб-страницата и е исполнување на дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост. За целосен пристап до сите информации објавени на веб-страницата за лицата со посебни потреби, во тек е имплементација и на останатите меѓународно прифатени стандарди за пристап за лица со попреченост. Содржините на новата веб страна на МИОА се преведени и на албански јазик, и паралелно сите содржини ќе се објавуваат и на македонски и на албански јазик“, информираат од таму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...