fbpx

Веб-апликација на „Граѓански буџет“ со која финансиите се доближуваат до граѓаните

-

Веб-апликацијата за „Граѓански буџет“ (budget.finance.gov.mk) е достапна на македонски, албански и англиски јазик и на овој начин, буџетот на Македнија сакаме да го поедноставиме и доближиме до граѓаните, информираат од Министерство за финансии.

„Во веб-апликацијата прикажани се приходите и расходите на буџетот. Исто така апликацијата има и објаснувања што претставуваат одделните ставки, што ја прави лесна за користење. За да се добие појасна слика, апликацијата дава можност да се направи споредба помеѓу буџетите од различни години. Граѓаните преку графикони можат да следат како одделни приходи или трошоци се движеле низ годините“, се вели во соопштението.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференцијата на која беше претставена апликацијата, истакна дека на овој начин се подобрува информираноста на граѓаните за буџетот, а со тоа и се зголемува нивната контрола врз управувањето со јавните финансии.

– Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко. Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење-рече Тевдовски.

Веб-апликацијата за „Граѓански буџет“ не се однесува само на еден буџет, туку е платформа на која и во иднина може да се поставуваат податоци од новите буџети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...