fbpx

Ватикан стравува дека папата може да биде нападнат со дрон

-

Обезбедувањето на поглаварот на Римокатоличката црква стравува дека некои верски фанатици би можеле да го убијат папата Франциск со дрон, сличен на оној што албанските навивачи го пуштија на стадионот во Белград.

Припадниците на обезбедувањето велат дека не стравуваат од теористичките организации Ал Каеда или ИСИС, туку од фанатици кои сакаат да станат „маченици“ или да влезат во историјата по злосторство.

Обезбедувањето вели дека обичен дрон би можел да го загрози папата, на пример, кога сред плоштадот Свети Петар во Ватикан излегува меѓу насобраните верници. Доволно е дронот да понесе тежина од два килограми, колку што е тешка една солидна бомба, и со него прецизно да се управува на далечина од половина километар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...