fbpx

Васо Ристов нов директор на МОБ

-

Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) – Скопје.

„Ристов е истакнат уметник  и културен работник, добро познат на домашната и меѓународната музичка јавност, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Педагог со 33 години стаж во сценско музичката дејност во Македонија и развивање на кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е редовно вработен во Македонската опера и балет како прв трубач- солист, потоа уметнички директор на операта на МОБ (2005 – 2006), кој развива, организира и координира спроведување на музички програми и репертоарска политика на музички институции и на ФМУ – Факултетот за музички уметности – Скопје“, пишува на интернет-страницата на Македонска опера и балет.

Ристов дипломирал на ФМУ во Скопје, а магистерските студии завршил на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија по што специјализирал на ФМУ во Прага. Тој има долгогодишно искуство во менаџирање оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари.

Ристов бил професор на пет универзитети во Македонија и надвор: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...