fbpx

Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО, Миновски нов директор на ЕЛЕМ

-

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, Љупчо Зиков за директор на финансии и комерција на таа комопанија, а Драган Миновски е новиот директор на АД ЕЛЕМ, одлучи вчера Владата.

Сашо Василевски е дипломиран правник кој од 2006 до 2008 беше заменик-министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање правосуден испит, а од 2011 до 2015 година бил член на Советот на јавните обвинители.

Љупчо Зиков е новинар и директор на неделникот „Капитал“ и беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски.

Професорот на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Драган Миновски, на предлог на Владата е новиот директор на ЕЛЕМ кој доаѓа на местото на Христијан Мицковски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицковски на својот фејсбук-профил напиша дека е разрешен од местото претседател на управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ.

„Горд сум на сето она што заеднички го правевме за АД ЕЛЕМ, за Македонија, направивме многу, а можевме уште повеќе. Аристотел рекол задоволство во работата дава совршеност во делото. Делото сега ќе продолжи на друг терен помеѓу студентите на факултет и граѓаните за Македонија“, напиша Мицковски.

Владата одлучила и Зоран Ѓорѓиев да биде нов генерален директор на ЈП „Македонски шуми“. Тој е е претседател на општинската организација на СДСМ од Кавадарци а во „Македонски шуми“ работи од 1996 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...