fbpx

Ванхауте за „Вистиномер“: Изборите треба да бидат цреша врз колачот, но колачот е невидлив

-

„Изборите треба да бидат цреша врз колачот, при што ќе се видат спроведени сите неопходни реформи. За жал, иако црешата може да им изгледа многу привлечно на некои од партиите, колачот е речиси невидлив“, вели белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во интервју за „Вистиномер“.

– Политичките партии често прибегнуваат кон тоа да ги разбираат медиумите како нешто што треба да се контролира, бидејќи најчесто им се допаѓа кога во јавноста има позитивни коментари за нив, а критички за сите нивни опоненти. Како и да е, во еден момент контролата врз медиумите станува ефикасна алатка за контролирање на луѓето. Ова се случува во тие земји каде што независноста на медиумите е ограничена и повеќе не е добредојдена – вели Ванхауте.

Олеснувачот е оптимист дека ќе се решат проблемите во медиумите, но не поради волјата на политичките партии, туку поради важноста на прашањето за слобода на медиумите и слободата на говорот воопшто. Тој верува во неопходноста на решавањето на ова прашање пред изборите.

– Како и да е, се надеваме дека во претстојните недели – не по, туку пред изборите – главните политички партии ќе се согласат на значителни промени во сферата на медиумите. И тоа не само за да се обезбеди теренот за игра и да се спроведат фер и слободни избори, како што бара опозицијата, туку и поради иднината на земјата. Заштитата и промовирањето на медиумската слобода значи почитување на една од клучните европски вредности – слобода на изразување и создавање на критично влијание, неопходно да ја приближи земјата до Европската унија – вели Ванхауте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...