fbpx

Ванхауте од Брисел ќе донесе нов предлог-закон за медиумите

-

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте се очекува утре да донесе нов предлог-закон за медиуми, кој ќе им биде презентиран на партиите потписнички на Договорот од Пржино. Според нашите информации, посредникот викендов бил на консултации во Брисел за случувањата во Македонија.

Утре попладне повторно ќе се одржи средба на работните групи во Клубот на пратеници, каде ќе се разговара паралелно и за методологијата за прочистување на избирачкиот список.

Според нашите информации, нема поместување во преговарачките позиции на партиите за двете спорни прашања – прочистувањето на избирачкиот список и реформата во медиумите.

Од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одговориле на понудата на СДСМ за заемно повлекување на амандманите за спорните прашања во врска со методологијата за прочистување предложена од Државната изборна комисија (ДИК) и со законот за медиуми предложен од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Минатата недела на работните групи, СДСМ на владејачката партија ѝ понуди да ги повлече забелешките што ги има за методологијата за прочистување на избирачкиот список ако ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ги прифати предлозите на меѓународната заедница за реформи во медиумите.

Закон за владино рекламирање и комбинирана форма за функционирање на МРТВ по словенечко-германско-белгиски модел се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на медиумите.

Од владејачката партија предлагаат финансирањето на МРТВ да биде на два начина: едниот начин е да се финансира преку буџетот, а вториот преку радиодифузна такса. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ предложила Советот на МРТВ да остане ист, a 100 дена пред изборите, информативната програма да ја уредуваат двајца уредници, еден од власта и еден од опозицијата.

Од владејачката партија предлагаат и Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги да биде составен од седум члена, од кои по два члена треба да предложат ЗНМ и МАН, а од кои едниот да биде од националните телевизии. Според предлогот на власта, по еден член треба да предложат и интеруниверзитетската академија, МАНУ и адвокатската комора.

ВМРО-ДПМНЕ предложила и намалување на казните за медиумите, а бара и сите медиуми во Македонија да се регистрираат како трговски друштва.

Овие предлози се неприфатливи за СДСМ и за Здружението на новинари на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...