fbpx

Вангеловски: СЈО не дало доказ за да му биде одреден притвор на Кочан

-

Ние не го укинуваме притворот на Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови, вели претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловоски, за „Дојче веле“. Ова негово објаснување доаѓа откако во петокот минатата недела, постапувајќи по барање за заштита на законитоста доставено од Јавното обвинителство, Кривичниот совет на Врховниот суд реши да ги укине одлуките на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје, со кои на Кочан му беше одредена мерка притвор и по него беше распишана потерница.

Врховниот суд денеска официјално потврди дека во петокот минатата недела, ги укинал решенијата на Основниот суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд Скопје.

„По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување мерка притвор“, стои во соопштението објавено на интернет-страницата на Врховниот суд, во кое се додава дека допoлнително ќе биде објавена пресудата со која се укинуваат одлуките на Кривичниот и на Апелацискиот суд за притворот на Кочан.

Според Вангеловски, имало две суштествени повреди на законитоста во одлуките со кои му беше одреден притворот на Кочан, на барање на Специјалното јавно обвинителство.

– При барање мерка притвор, еден од условите е да се достави доказ за основите на сомневање дека е сторено кривично дело. Во случајов, од страна на СЈО не е доставен таков доказ, а судот направил повреда на законот кога без доставен доказ одредил мерка притвор – вели Вангеловски.

Втората посуштествена повреда на законитоста, вели претседателот на Врховниот суд, била направена кога Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, уважувајќи ја жалбата на СЈО на одлуката на судијата на претходна постапка со која се одбива барањето за притвор, оценил дека се исполнети сите услови за одредување притвор и дал правна поука дека жалбата на ваквото решение не го одложување неговото извршување.

– Тоа не е точно. Со првото поднесување жалба на решението, се одлага извршувањето на тоа решение. Тоа е јасно пропишано во членот 442 од Законот за кривична постапка. Според тоа, судот не требало веднаш да одреди притвор, ниту да бара да се распише потерница – вели Вангеловски.

Во правосудните кругови, како што пишува „Дојче веле“, одлуката на Врховниот суд се оценува како скандалозна и дека со неа овозможува грубо мешање на Јавното обвинителство во работата на СЈО.

Од Специјалното јавно обвинителство, иако најавија, досега не излегле со реакција на одлуката на Врховниот суд. Оттаму велат дека прво ќе чекаат да го добијат решението на Врховниот суд, па потоа ќе го кажат својот став.

СЈО во предметот „Труст“ го сомничи Кочан дека во 2011 година на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за ископ на јаловина доставил фалсификувани документи за наводна техничка и кадровска опременост на неговата компанија и на тој начин заедно со уште две фирми незаконски наплатил 17,2 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...