fbpx

Вангеловски на Прибе и на тимот им го презентирал својот план за реформи во судството

-

Рајнхард Прибе и неговиот тим експерти од денеска се во посета на земјава, во рамките на нивниот ангажман од страна Европската комисија да ѝ помогнат и да ја советуваат Владата во спроведувањето на системските реформи за владеење на правото.

Експертот на Европската Унија и неговиот тим денеска имале средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На средбата Вангеловски им ги презентирал неговите предлог-мерки за спорведување на реформите во судството.

„На средбата се разговараше за актуелната состојба во судството и за предлог-мерките за спроведување реформи во судството, подготвени од претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, за остварување на концептот за независно и непристрасно судство, како гарант на демократијата и на владеењето на правото, во функција на заштита на човековите слободи и права“, стои во соопштението од Врховниот суд.

Прибе претходно ја посети земјава на 27 јуни, кога, исто така, имаше средба со претседателот на Врховниот суд, како и со министри во Владата.

Тој заедно со целиот негов тим, како што најави и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во земјава ќе престојува до 21 јули.

Прибе со експертскиот тим во 2015 година го подготви извештајот со препораките поврзани со прислушуваните комуникации, а нивната работа придонесе за реформските приоритети што ги состави Европската комисија и кои беа вметнати во Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...