fbpx

Вакцинирање и поставување чипови на кучињата бездомници во Западна Македонија

-

Кучињата бездомници се честа слика во Западна Македонија, а најмногу можат да се забележат во Гостивар и Тетово. Денеска, градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека започнал процесот на вакцинација и поставување на чипови на кучињата. Првата официјална операција е извршена во Тетово, бидејќи од пријавените неколку фирми во тендерска постапка, ветеринарите кои ја добиле работата се токму од Тетово.

– Денеска на кучињата им се вршеше вакцинација и поставување на чипови. Тие се назначени со  градот и бројот на кучето кое што е третирано. Ќе се обидеме што поскоро да ги третираме сите кучиња во Општина Гостивар, за и граѓаните да можат да се чувствуваат безбедно – изјави Таравари.

Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, Томислав Николовски истакна дека со ова се започнува решавање на многу сериозен јавно здравствен, но и комунален проблем, односно дека на целиот процес ќе се пристапи систематски.

Во просторот на старата касарна во Гостивар е веќе започнат процесот за третирање на кучињата бездомници, но, како што кажа Таравари, не се завршени сите аминистративни работи, за целосно и официјално да се започне со работа, односно да се лиценцира центарот за третирање на кучињата.

Постојат и податоци кои покажуваат дека кучињата бездомници се носат од еден град во друг, но Таравари не сакаше да шпекулира, се додека не се добијат сигурни информации. Официјалната бројка на кучиња бездомници не е позната, но се смета дека има од 300 до 500 само во Општина Гостивар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...