fbpx

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

-

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои земјата може да се врати на вистинскиот пат кон евро-атлантска перспектива.

„Жалиме за пропуштена можност да се најде консензус меѓу сите партии, се надеваме дека проблемите што ги дискутиравме како посредници со сите партии, ќе помогнат да се идентификуваат критичните прашања кои што можат да обезбедат основа за да се овозможи новите избори да бидат веродостојни. Ги потсетуваме сите партии и сите луѓе во земјата дека целосното спроведување на политичкиот договор и извршување на итните реформски приоритети се од суштинско значење за одржувањето на позитивна препорака за почеток на преговори. Не постои скратен пат и нема алтернатива за Договорот од Пржино и ги повикуваме политичките партии да постигнат консензус за овие реформи, како единствен начин да се обезбеди патот на земјата кон евро-атлантска интеграција и европска перспектива“, се вели во соопштението на бриселската тројка.

Европратениците ги повикаа политичките лидери да продолжат со својата посветеност на реформите и се надеваат ќе направат напори да создадат услови за веродостојни избори.

Тие потенцираа дека Европскиот парламент ќе бидат присутен за време на изборниот период како поддршка и за спроведување на демократскиот развој кој е во интерес најмногу од се на македонскиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...