fbpx

В среда протест против загадувањето на воздухот

-

Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе одржат протест против енормното загадување на воздухот, кое во одредени денови и до 20 пати ги надминува дозволените вредности.

„Загадувањето на воздухот е најголемо досега! Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје. А локалните и централните власти не преземаат ништо! Демонстрираат целосна негрижа за здравјето и за животот на населението. Не смееме да молчиме. Ако се сакаме себеси и своите најблиски, мора да излеземе на протест и да побараме итни мерки за чист воздух“, се вели во фејсбук-најавата за протестот.

Организаторите на протестот имаат 12 барања до централата и до локалната власт, меѓу кои се воведување систем пар-непар за возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми, како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.

Еко-активистите бараат од новиот парламент да донесе закон за забрана за уништување на каква било вегетација и да донесе законска регулатива според која доколку загадувањето ја надмине пропишаната нормала, задолжително ќе биде преземањето мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...