fbpx

Утре напладне, протест против ДУП-от во Карпош

-

Утре жителите на општина Карпош ќе излезат на граѓански протест против деталниот урбанистички план, за кој организаторите на протестот велат дека донесен сомнително и нетранспарентно.

Протестот ќе почне во 12 часот, на раскрсницата кај „Сити мол“ на булеварот Партизански одреди.

„Ги повикуваме сите сограѓани од Карпош да ни се придружат на граѓанскиот протест, на получасовната блокада. Да излеземе и да се спротиставиме на урбаната мафија во Карпош. Да се спротиставиме на сечата на дрвја и зелени површини за сметка на нови згради. Да побараме укинување на урбанистичките планови, кои беа донесени без знаење на граѓаните, во нетранспарентна постапка“, велат организаторите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...