fbpx

В понеделник ДУИ ќе реши дали ќе влезе во владата или ќе поддржи малцинска влада

-

Централното претседателство на ДУИ денеска дебатира помеѓу две опции, едната е за учество во новата влада, а другата за поддршка на малцинска влада, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој додаде дека најважната пречка – законот за употреба на јазиците – е надмината и тоа е став кој е усогласен помеѓу ДУИ и СДСМ.

На новинарско прашање што се подразбира под опцијата поддршка на малцинска влада и дали тоа значи нестабилно парламентарно мнозинство во Собранието, Османи одговори дека ДУИ ќе даде поддршка во Собранието за да се обезбеди таа влада, но нема да учествува во централната власт со свои министри и членови на извршната власт.

– Ние не измислуваме топла вода, затоа што опцијата за поддршка на малцинска влада ја има во повеќе земји во Европа – додаде Османи.

Според него, целта со оваа опција е да се отфрлат сите сомнежи што некој ги има околу работата на ДУИ досега, затоа што, како што рече,  ДУИ не е само политичка партија, туку е и движење.

На новинарско прашање во однос на изјавата на Зоран Заев дека СДСМ ги има потписите од ДУИ за формирање влада, Османи рече дека тие сè уште не донеле одлука дека ги дале потписите на СДСМ, бидејќи за тоа официјално треба да пресече Ахмети.

Османи истакна дека денеска нема да се донесе одлука, а дебатата ќе продолжи во наредните денови.

Најверојатно одлуката ќе се донесе в понеделник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...