fbpx

В петок средба Коѕиас – Нимиц во Њујорк

-

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас в петок во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јави грчката телевизија ЕРТ. Иако во официјалната агенда на Коѕиас за средбите во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации не е најавена средбата, сепак извори од грчкото министерство за надворешни работи за ЕРТ потврдиле дека министерот ќе се сретне со Нимиц за да разговара за напредокот во разговорите меѓу Македонија и Грција околу дводеценискиот проблем за името.

Од грчкото МНР истакнале дека немаат големи очекувања од средбата со оглед на внатрешните проблеми и, како што истакнале, безилезната ситуација која постои во Македонија. Според нив, доколку не се стабилизира политичката криза во државата и доколку не добиеме стабилна влада на изборите, Грција не може да има соговорник за да продолжи во насока на решавање на крупни проблеми како спорот за името.

Како што пренесува ЕРТ, од грчкото МНР посочиле дека има раздвижување меѓу двете страни преку разговорите за мерките за градење доверба, посетата и говорот на Коѕиас во Скопје пред македонските дипломати и амбасадори. Грција, како што истакнале, испраќа пораки за соработка и очекува македонските политичари да ја напуштат практиката од минатото и иредентистичката реторика кон Грција за работите да тргнат по нагорна линија.

Коѕиас последен пат се сретна со Нимиц во април во Луксембург. Во таа пригода се разговараше за напредокот во разговорите за името, како и за мерките за градење доверба меѓу двете страни. Последната рунда разговори за името меѓу Македонија и Грција беше во ноември 2014 година.

Посредникот во интервју за грчката телевизија „Скај“ во март изрази разочараност поради застојот кој постои во преговорите поради внатрешните проблеми во двете држави и најави рестартирање на преговорите откако ќе завршат изборите во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...